Аероклубот Скопје е формиран во далечната 1923 година. Од моментот на формирање па се до денес, аероклубот е посветен на развивање и популаризација на воздухопловните спортови во Македонија. Комерцијалниот дел е формиран во 2012 година со цел да ја поддржува нашата мисија и да воспостави здрава основа за безбедно и непречено развивање на воздухопловството во Македонија.
АКС е оператор на спортскиот аеродром Стенковец (LWSN) на кој луѓето можат безбедно да се занимаваат со воздухопловните спортови. Аеродромот работи со целосна согласност со важечките законски норми во Македонија и Европските стандарди.
Покрај функционалниот сервис за авиони и школите за пилоти и падобранци, АКС извршува и комерцијални специјализирани услуги cо воздухоплов како:
– Исфрлање на хемиски средства и вода (прскање против комарци, вакцинирање на лисици)
– Набљудување и патролирање (рано детектирање на шумски пожари, Телевизиски и филмски снимања, Топографско картографирање)
– Рекламирање и соопштување (Исфрлање на летоци, Влечење на транспарент)
Нашиот примарен интерес е Македонија, но поради големото искуство во авијацијата, воспоставената инфраструктура и добриот менаџерски тим почнавме да работиме и во соседните земји.
Нашите основни принципи сеодговорност, ефикасност, напорна работа и посветеност кон нашите членови и нашите клиенти.