Потпишан меморандум за соработка со Дирекцијата за заштита и спасување
Водени од потребата за вклучување на сите субјекти во Република Македонија кои имаат човечки, материјални ресурси, знаења и вештини во системот за заштита и спасување, продлабочување и проширување на меѓусебна соработка а сето тоа во интерес на граѓаните на државата, Дирекцијата за заштита и спасување и Аероклубот Скопје на 13 септември 2018 година потпишаа Меморандум за соработка.
Препознавајќи го недостатокот на меѓусебна соработка двете институции се согласија дека взаемно ќе си помогнат при решавањето на заедничките проблеми имајќи ги предвид пред се државните интереси. Целите се Ефективен институционален дијалог, во спроведувањето на активностите за унапредување на системот за заштита и Унапредување на воздухопловството преку имплементација на најдобрите практики и искуства.
Активности кои може заеднички да се изведат се:
– Заеднички превентивен надзор за рано детектирање на пожари на отворен простор
– Набљудување од воздух и ангажирање на воздухопловите на клубот во акции на Дирекцијата за заштита и спасување како што се дезинфекција, дезинсекција и слично на отворени простори,
– Соработка во промовирањето, планирањето и школувањето на летачки кадар