Аеродром

Спортскиот Аеродром Стенковец се наоѓа северозападно од градот Скопје, 9 km од центарот на градот и 200 метри источно од магистралниот пат Скопје – Приштина. Официјалното име е Спортски аеродром –„Стенковец-Скопје“
Оператор на аеродромот е ДВТ АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево, ул. Спортски Аеродром Стенковец бр. 151А, Чучер Сандево, П.Фах бр.11, 1012 Визбегово
Спортскиот аеродром Стенковец е граден од 1976 до 1986 година врз основа на одобрение за градење бр. Уп – 1 од 08.06.1976 година, издадено од тогашниот Републички секретаријат за индустрија и трговија на СРМ. Техничкиот прием е извршен и издадено е одобрение за користење бр. 5977/1 од 09.10.1986 година од тогашниот Сојузен комитет за сообраќај и врски на СФРЈ.

Аеродромот е наменет за:

– летање и обука на моторни пилоти, пилоти на едрилица и падобранци,
– летање на едномоторни и повеќе моторни воздухоплови чија максималнаполетно-слетна тежина не поминува 5700 килограми,
– летање на моторни едрилици.
– летање на авиони полесни од 500 kg (ултра лесни) .
– летање на РЦ модели

Основни информации

– Работното време на аеродромот вон сезона е од 8 часот наутро до 17 часот, попладне, а во сезона на летање од 8 часот наутро до 20 часот навечер.
– Паркирање, ленгерирање и хангарирање на воздухоплови кои можат да оперираат на аеродромот.
– За воздухоплови кои пристигнуваат на, или заминуваат од аеродромот „Стенковец“ Скопје е потребна претходна најава од 24 часа на овластеното лице на аеродромот или управителот.
– Управител на аеродромот е Дејан Саздовски.
– Во секое време кога е можно полетување и слетување на воздухоплов, аеродромот е на располагање на сите лица-оператори со еднакви односи и под еднакви услови.
– Полетно слетната патека е со должина од 1200 m и широчина од 50 m. Се протега во правец 122°- 302°
– Референтна точка на аеродромот (ARP): N 420 03’36, 36”; E 210 23’ 06, 77”; H=318, 72 m.
– Надморската височина на аеродромот на средината од полетно-слетната патека е 318, 72 m и
– референтна температура на аеродромот измерена во август е + 29 °C
– Аеродромот располага со апарати за ППЗ од тип S, кои се наменети за гаснење на почетни пожари од класата Б, Ц и Е. (3 од 50 kg и 4 од 12 kg) кои редовно се одржуваат.
– Со апаратите од типот “S“ можат да се гасат електрични инсталации под напон од 1000 волти.
– Во случај на потреба се употребува и песок за гаснење на пожар, кој се наоѓа на самиот влез на хангарот, од обете страни, во црвени пресечени буриња.

Активностите се најавуваат најмалку 30 минути пред почеток, на телефон (02)3148408. Најавата треба да ги содржи деталите околу активностите (вид на активности, број и тип на воздухопловите, зона и висина на работа, маршрута и сл.).

Телефонскиот начин на најава е префериран начин и ќе се применува пред најавата по радио врска секогаш кога е можно, со цел да не се оптоварува фреквенцијата со долги емитувања што би го попречиле водењето на останатиот воздушен сообраќај.
Кога телефонскиот начин на најава не е возможен, најавата може да се направи и по радио врска на приодната контрола на летање на 120.300 MHz.
Воздухопловните активности ги најавува раководителот на активностите и тој ќе биде одговорен за безбедно и ефикасно одвивање на истите.

Комуникацијата помеѓу воздухопловите кои оперираат во зоните на аеродромот се одвива на 123,50 MHz (спортска фрекфренција) или резервна 122,50 MHz
Воспоставување контакт со обласната кула за летање: 118,50 MHz
Фрекфренција Скопје обласна: 119,70 MHz
Фрекфренција EMERGENCY: 121,50 MHz
ATIS: 130,125 MHz
Аеродромот е оспособен за извршување на летови во визуелни услови (VFR)

За аеродромско летање е потребна:

– Хоризонтална видливост: најмалку 8 km
– Височина на долната база на облаците: најмалку 450 m QFE
– Вертикално растојание од база на облаците: 200 m
– Хоризонтално растојание од облаците: 1500 m
– Челна брзина на ветерот: максимално 10 m/s