Cessna 182 Skylane

Моделот 182 се произведува од 1956 год. и сè уште се произведува. Тој е едномоторен авион, висококрилец, со четири седишта и со опција во багажниот простор за да се монтираат и две седишта за деца.

182-ката се произведува во повеќе верзии, со фиксен стоен трап од типот трицикл, како и со вовлекувачки стоен трап, со обичен клипен мотор со карбуратор или инјектор, и мотор со турбо полнач.

Верзијата 182H произведена во 1964 год. во составот на АК Скопје се наоѓа од 2009 година. Истата се користи за влечење едрилици, фрлање падобранци, влечење банери, прскање против комарци, апликација на вакцини-мамки против беснило, транспорт на патници и како личен транспорт.

 

Карактеристики:

– капацитет- 4 седишта,

– должина 8.6m,

– распон на крила 10,9m,

– тежина на празен авион 730kg,

– максимална тежина 1338kg.

Перформанси:

– мотор 1x Continental O-470 со шест цилиндри со карбуратор, со променлив чекор на елиса и со воздушно ладење, со снага од 230КС.
– Максимална брзина 270km/h, 

– брзина на крстарење (75% снага на висина од 2000m) 259km/h, 

– економична брзина на 3000m 211km/h, 

– долет од 1.100 до 1865km.за