P68 е италијански шестосед, висококрилец, двомоторен авион, со класичен стоен трап, произведен од компанијата Partenavia.
Се произведува од 1972 година до денес. Во светски рамки првенствено се
користел како личен и бизнис авион, а подоцна и како лесен карго транспортер.
Во поново време се користи и како авион за набљудување, во гранични и полициски цели, транспорт на болни лица, органи за трансплантација, како и за обука на пилоти за летање со повеќемоторен авион, како и за инструментално летање.
Во составот на Аероклуб Скопје се наоѓаат три авиона P68 модел Victor, кои се користат за VIP транспорт, авиотретирање против комарци, аплицирање на вакцини-мамки против беснило, засејување на облаци и фрлање на падобранци.
Карактеристики: капацитет од 6 седишта, должина 9.55 m, распон на крилата 12 m, погонска група 2x Lycoming IO-360 A1B6 редни четирицилиндрични мотори со воздушно ладење и со инјектор, секој со моќност од 200 КС.
Перформанси: максимална брзина 322 km/h, брзина на крстарење 298 km/h, максимален долет 2112 km, плафон на лет 5850 m, брзина на качување 7.6 m/s.