Прскање против комарци и инсекти
Прскање против комарци и инсекти
Аерокубот Скопје може да исфрла на хемиски средства и вода преку следните Специјализирани услуги: Уништување на инсекти во земјоделството; Спречување на ширење на растителни болести во земјоделството и шумарството; Уништување на плевел и грмушки; Уништување на животински штетници.
Едриличарсво
Едриличарсво
Првите обиди за летање со едрилици во Македонија се јавуваат во 1936 година, при првата машка гимназија во Скопје. Во почетокот летале со едрилица „Цилинг“, произведена според купени планови од самите членови на воздухопловното друштво во Скопје. Во годините до Втората светска војна, едриличарските активности во Скопје значително се развиле. Во Аероклубот Скопје постои Центар за обука на пилоти на едрилица одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Во центарот кандидатите може да се
Моторно летање
Моторно летање
Ако сакате да бидете спортски пилот или да направите кариера како професионален пилот во Аероклубот можете да го направите првиот чекор, Дозвола за приватен пилот на авион (PPL - Private Pilot Licence). Школскиот центар за обука на пилоти работи според Програмата за школување и стекнување на Дозвола за приватен пилот на авион и опфаќа стандардно оспособување на ученик – пилот. (МК JAR - FCL1). Успешното совладување на темите од теоретската и практичните настава од оваа програма, му овозможуваат на ученикот - пилот, во текот на школувањето успешно да ја
Падобранство
Падобранство
Падобранството, како воздухопловна спортска дисциплина, во Македонија се развило по Втората светска војна. Првиот падобрански скок во 1938 година има направено Александар Трајковиќ. Аероклубот Скопје организира обуки за Падобранци почетници и за Напредни падобранци. Почетничките обуки се организираат два пати годишно. На пролет и на есен. Напредната обука трае низ целата година. Првиот чекор на секој падобранец почетник е лекарски преглед во Воздухопловна медицина. Потоа следи обука која трае околу 3 недели и се состои од теоретски и

Аероклубот Скопје е формиран далечната 1923 година. Од моментот на формирање до денешен ден е посветен на развивање и популаризација на воздухопловните спортови во Македонија. Комерцијалниот дел е формиран со цел да ја поддржува нашата мисија и да воспостави здрава основа за безбедно и непречено развивање на воздухопловството во Македонија.

АКС е оператор на спортскиот аеродром Стенковец (LW75) на кој луѓето можат безбедно да се занимаваат со воздухопловните спортови во согласност со важечките законски норми во Македонија и Европските стандарди.

Покрај функционалниот сервис за авиони, школите за пилоти и падобранци АКС врши и комерцијални дејности за кои имаме Уверение за работа за вршење на специјализирани услуги cо воздухоплов како на пример:

  • Исфрлање на хемиски средства и вода (прскање против комарци, вакцинирање на лисици)
  • Набљудување и патролирање (рано детектирање на шумски пожари, Телевизиски и филмски снимања, Топографско картографирање)
  • Рекламирање и соопштување (Исфрлање на летоци, Влечење на транспарент)

Нашиот примарен интерес е Македонија, но поради големото искуство во авијацијата, воспоставената инфраструктура и добриот менаџерски тим почнавме да се шириме и кон соседните земји.

Нашите основни принципи се посветеност, ефикасност и напорна работа кон нашите членови и нашите клиенти.

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.