Аерокубот Скопје може да исфрла на хемиски средства и вода преку следните Специјализирани услуги:

  • Уништување на инсекти во земјоделството;
  • Спречување на ширење на растителни болести во земјоделството и шумарството;
  • Уништување на плевел и грмушки;
  • Уништување на животински штетници.

Во вакви специјализирани услуги спаѓа и прскањето против ларви и возрасни комарци за кое аероклубот набави и сертифицираше три авиони. Два авиони, кои се двомоторни, се предвидени да можат безбедно да летаат ниско над град и еден едномоторец предвиден за крајбрежја на водени површини и ненаселени приградски површини. Според најновите Европски регулативи едномоторни авиони не се користат за летање над населени места од безбедносни причини.

Авионите се опремени со атомизери (распрснувачи) од типот АУ6539 кој користи ротирачки цилиндар со мрежа за креирање на микро капки - спреј со контролирана големина во контролиран проток од неколку милилитри/минута до 3 литри/минута. Овој атомизер е дизајниран да поддржува широк опсег на инсектициди, фунгициди и други производи кои се еколошки прифатливи и можат ефективно да се аплицираат во помали количини. Контролата на големината на капката гарантира дека максимална количина на течност се прска со оптимална големина на капки. Со ова се намалуваат загубите на средството и загадувањето кое би се предизвикало од непотребно големи капки.

Производителите на овие супстанции даваат препораки за користење на овој систем.

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.