Здружението за афирмирање на воздухопловството АК СКОПЈЕ, Чучер Сандево има намера да ги искористи средствата од под-грантот од шемата за под-грантови на локални и регионални проекти за конкурентност (финансирана од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија - ИПА 2), за покривање на трошоците за под-проектот "Со тандем скокови до повеќе активни туристи" во делот за консултантски услуги.

На Денот на народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, од спортскиот аеродром Стенковец  започна вакцинација на лисиците против беснило во Република Македонија.

Аероклубот Скопје во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“ поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светска Банка и спроведуван од Кабинет за Заменик Претседател на Владата задолжен за Економски Прашања - КЗПВЕП, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“ изготви проект „Со тандем скокови до повеќе активни туристи“ и поднесе апликација за добивање на грант за финансирање на проектот.

Водени од потребата за вклучување на сите субјекти во Република Македонија кои имаат човечки, материјални ресурси, знаења и вештини во системот за заштита и спасување, продлабочување и проширување на меѓусебна соработка а сето тоа во интерес на граѓаните на државата, Дирекцијата за заштита и спасување и Аероклубот Скопје на 13 септември 2018 година  потпишаа Меморандум за соработка.

Страница 1 од 3

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.