Услуги

Аероклубот може да Ви ги понуди активности што се поврзани со воздухот. Летањето е наша основна дејност и имаме долгогодишно искуство во менаџирање на воздухопловни активности.

Можеме да понудиме обука за пилоти, едриличари и падобранци.

Скокање и летање во согласност со нашите програми за работа.

Имаме долгогодишно искуство во фрлање на летки и влечење на банери со авион.

Веќе пет години ги вакцинираме лисиците низ Балканот фрлајќи мамци од авион.

Од 2017 набавивме двомоторни авиони опремени со атомизери (распрснувачи) кои можат да третираат со инсектициди, фунгициди и други производи кои се еколошки прифатливи.

Сервисот за авиони работи во согласност со Part-145 од EASA Стандардите на Европската унија.

За своите услуги Аероклубот има Уверенија за работа издадени од Агенцијата за цивилно воздухопловство во согласност со JAR FCL.

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.