Исфрлање на хемиски средства и вода од воздухоплов

При исфрлањето на хемиски средства од воздухоплов се користат два методи: Исфрлање со метод на гранулирање и Исфрлање со метод на прскање, оросување.

При исфрлањето со метод на гранулирање се користи Систем за автоматска дистрибуција на мамци од авион. Овој систем е развиен во соработка со Универзитетот во Штудгард, Германија и е употребуван во битката против: Беснило (Lyssa, Rage), Лисичји глисти (Echinococcus multilocularis) и Свинска треска (Hog Cholera).

Системот е така направен да овозможува еднаква распределба на вакцините при што автоматски ги испушта и ги запишува координатите на секоја исфрлена вакцина. Така точно се знае колку и каде се дистрибуирани вакцините.

Аероклубот веќе три години го користи овој метод при вакцинирање на Лисиците против беснило на територијата на Република Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. 

Исфрлањето на хемиски средства и вода со овој метод ќе се изведува за извршување на следните Специјализирани услуги: Уништување на инсекти во земјоделството; Спречување на ширење на растителни болести во земјоделството и шумарството; уништување на плевел и грмушки; Уништување на животински штетници.

Во вакви специјализирани услуги спаѓа и прскањето против ларви и возрасни комарци за кое аероклубот набави и сертифицираше три авиони. Два авиони, кои се двомоторни, се предвидени да можат безбедно да летаат ниско над град и еден едномоторец предвиден за крајбрежја на водени површини и ненаселени приградски површини. Според најновите Европски регулативи едномоторни авиони не се користат за летање над населени места од безбедносни причини.

Авионите се опремени со атомизери (распрснувачи) од типот АУ6539 кој користи ротирачки цилиндар со мрежа за креирање на микро капки - спреј со контролирана големина во контролиран проток од неколку милилитри/минута до 3 литри/минута. Овој атомизер е дизајниран да поддржува широк опсег на инсектициди, фунгициди и други производи кои се еколошки прифатливи и можат ефективно да се аплицираат во помали количини. Контролата на големината на капката гарантира дека максимална количина на течност се прска со оптимална големина на капки. Со ова се намалуваат загубите на средството и загадувањето кое би се предизвикало од непотребно големи капки. Производителите на овие супстанции даваат препораки за користење на овој систем.

 

Прочитајте Прскање против комарци и инсекти

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.