Падобранство

Падобранството, како воздухопловна спортска дисциплина, во Македонија се развило по Втората светска војна. Првиот падобрански скок во 1938 година има направено Александар Трајковиќ.

Аероклубот Скопје организира обуки за Падобранци почетници и за Напредни падобранци. Почетничките обуки се организираат два пати годишно. На пролет и на есен. Напредната обука трае низ целата година.

Првиот чекор на секој падобранец почетник е лекарски преглед во Воздухопловна медицина. Потоа следи обука која трае околу 3 недели и се состои од теоретски и практичен дел.

За да биде примен на основна обука, кандидатот за падобранец треба да ги исполнува следните услови:

  • да има наполнето најмалку 16 години возраст;
  • да има лекарско уверение за здравствена способност класа 4 и
  • доколку кандидатот не е полнолетен, да има писмена согласност од родител/старател за започнување на обуката.

Задолжен за падобранските обуки е Јане Стефанов, инструктор по падобранство.

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.