Тандем скок

Тандем падобрански скок се изведува кога тандем патникот и тандем инструкторот се поврзани преку системот на врски со еден тандем падобран скокаат заедно од авион. Се користи за да се покаже убавината на падобранските скокови.

Тандем скокот започнува со пристигнување на аеродромот. Следи 15 минути обука и запознавање со опремата. Подготовка пред скокање и влегување во авион. Полетување и триесетина минути летање за да се постигне 3000 метри висина. Скок и слободен пад од триесетина секунди. Отворање на падобранот и летање со отворен падобран околу 4-5 минути. Слетување на аеродромот.

Возможно е да се снима со камера од рака и со камерман падобранец.

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.