Аероклуб Скопје ДОО

Аероклубот Скопје е формиран далечната 1923 година. Од моментот на формирање до денешен ден е посветен на развивање и популаризација на воздухопловните спортови во Македонија. Комерцијалниот дел е формиран во 2012 година со цел да ја поддржува нашата мисија и да воспостави здрава основа за безбедно и непречено развивање на воздухопловството во Македонија.

АКС е оператор на спортскиот аеродром Стенковец (LW75) на кој луѓето можат безбедно да се занимаваат со воздухопловните спортови во согласност со важечките законски норми во Македонија и Европските стандарди.

Покрај функционалниот сервис за авиони, школите за пилоти и падобранци АКС врши и комерцијални дејности за кои имаме Уверение за работа за вршење на специјализирани услуги cо воздухоплов како на пример:

  • Исфрлање на хемиски средства и вода (прскање против комарци, вакцинирање на лисици)
  • Набљудување и патролирање (рано детектирање на шумски пожари, Телевизиски и филмски снимања, Топографско картографирање)
  • Рекламирање и соопштување (Исфрлање на летоци, Влечење на транспарент)

Нашиот примарен интерес е Македонија, но поради големото искуство во авијацијата, воспоставената инфраструктура и добриот менаџерски тим почнавме да се шириме и кон соседните земји.

Нашите основни принципи се посветеност, ефикасност и напорна работа кон нашите членови и нашите клиенти.

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

 

Developed in conjunction with Ext-Joom.com

© 2017 Aeroklub Skopje. All Rights Reserved.