Организација на настани 

Аеродромот Стенковец има можности за организација на различни настани. Најчесто одржувани настани се во дејноста во која работиме и се поврзани со Спортски натпревари и аеромитинзи.

За децата од училишна возраст правиме и организирани еднодневни настани при што учат за принципите на летањето и падобранството.

Покрај овие настани на нашиот аеродром се организирани и музички концерти, свадби и родендени.

За организација на уникатни и невообичаени настани имаме

– собремен ресторан за 280 гости,

– простор во метален хангар со површина од 1100m и

– пред него бетонска платформа од 1000m.

Изнајмување простор          

Просторот што го имаме на располагање може да се изнајми на надворешни лица за различни цели: филмски снимања и фото сесии; свадби; родендени; концерти итн.

Тимбилдинг

Модерните компании можат да го користат нашиот аеродром при правењето на редовните тимбилдинг активности. Содржините кои можат да ги прават, покрај користењето на училницата, се да пробаат да бидат пилоти на едрилица и на спортски авион.