Членови на Аероклубот можат да бидат сите граѓани кои имаат желба да се занимаваат со некој од воздухопловните гранки, односно да придонесат за развојот на спортското воздухопловство, односно симпатизери на спортското воздухопловство, кои ќе изразат желба за членување на Аероклубот, ќе го прифатат Статутот на АК Скопје, ќе платат членарина и доброволно ќе потпишат пристапница.

Со зачленување на Аероклубот и платената членарина, сите членови ги обезбедуваат сите права кои произлегуваат од Статутот што во основа подразбира:

  1. Право на добивање членска карта; За своите членови Аероклубот обезбедува право на учество на домашни и меѓународни натпревари.
  2. Финансиски партиципира при учество на натпревари со свои средства и средства обезбедени од Агенцијата  за млади и спорт или други институции.
  3. Членовите имаат право да ги користат материјалните добра со кои располага Аероклубот или се доделени на користење, согласно Одлуките и Правилниците донесени од Управниот одбор на Аероклубот.

Членовите на Аероклубот ги остваруваат статутарните права само во случај кога ги почитуваат следните обврски:

  1. Да се придржуваат кон овој Статут;
  2. Редовно да плаќаат членарина;
  3. Правилно и домаќински да ги користат доделените материјални, технички, летачки и спортски реквизити;
  4.  Да се запознаени  и да се придржуваат кон одредбите од Законот за воздухопловство како и Правилниците за спортски натпревари;
  5. Да не наметнуваат политичко и идеолошко влијание врз други членови;
  6. Да не се организатори на раздор и бунтови помеѓу членовите од матичната или другите секции;
  7. Да ги почитуваат одлуките на Собранието, Управниот одбор и раководството на секцијата на Аероклубот;
  8. Достојно да го репрезентираат Аероклубот на сите спортски и други манифестации, на кои се појавуваат како негови членови.

Пријава за нови членови

Supported by

 Local and Regional Competitiveness Project.

This project is funded by the European Union.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its content is the sole responsibility of the AK Skopje, and do not necessarily reflect the views of the European Union.

Airflow