Аероклуб Скопје

Аероклубот Скопје е формиран далечната 1923 година. Од формирањето па сè до денес, аероклубот е посветен на развивањето и популаризацијата на воздухопловните спортови во Македонија.
Во своите 100 години постоење, низ Аероклубот поминале голем број воздухопловци кои со своето несебично залагање во активностите и посветена работа помогнале Аероклубот да се одржи низ годините, низ секакви општествени прилики, општествени уредувања, војни, кризи и елементарни непогоди.
Во името на сите минати и идни членови, ја прославуваме оваа 2023 година со серија настани, изложби и натпревари. Круна на прославата ќе биде големиот аеромитинг во Септември на кој со своите воздухоплови ќе учесвуваат нашите пријатели од земјава, регионот и пошироко.