Во Центарот за обука на пилоти на едрилици можете да научите да летате ако ги исполнувате следниве услови: завршено основно образование, 15 години старост, лекарско уверение, писмена потврда за согласност од родител, доколку кандидатот не навршил 18 години старост, документ за идентификација и изјава дека доброволно започнува обука.
Теоретската обука се спроведува во вкупно 106 часови од кои 90 часови во училница. Практичната се состои од 9 часа вежби на земја и 62 лета вежби во воздух.