Работа од воздух

Летањето е наша основна дејност и имаме долгогодишно искуство во менаџирање на воздухопловни активности.

Имаме долгогодишно искуство во влечење на банери со авион не само во Македонија туку и во Косово, Црна гора и Албанија.

Веќе пет години ги вакцинираме лисиците против беснило низ Балканот фрлајќи мамци од авион. Во моментов работиме во Македонија, Албанија, Црна гора и Косово.

Од 2017 набавивме двомоторни авиони опремени со атомизери (распрснувачи) кои можат да третираат со инсектициди, фунгициди и други производи кои се еколошки прифатливи.     

Исфрлање на хемиски средства и вода од воздухоплов

 

При исфрлањето на хемиски средства од воздухоплов се користат два методи: Исфрлање со метод на гранулирање и Исфрлање со метод на прскање, оросување.

 

 

При исфрлањето со метод на гранулирање се користи Систем за автоматска дистрибуција на мамци од авион. Овој систем е развиен во соработка со Универзитетот во Штудгард, Германија и е употребуван во битката против: Беснило (Lyssa, Rage), Лисичји глисти (Echinococcus multilocularis) и Свинска треска (Hog Cholera).

 

Системот е така направен да овозможува еднаква распределба на вакцините при што автоматски ги испушта и ги запишува координатите на секоја исфрлена вакцина. Така точно се знае колку и каде се дистрибуирани вакцините.

 

Аероклубот веќе три години го користи овој метод при вакцинирање на Лисиците против беснило на територијата на Република Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово.  

 

 

Аерокубот Скопје може да исфрла на хемиски средства и вода преку следните Специјализирани услуги:

– Уништување на инсекти во земјоделството;

 

– Спречување на ширење на растителни болести во земјоделството и шумарството;

 

– Уништување на плевел и грмушки;

 

– Уништување на животински штетници.

 

 

Во вакви специјализирани услуги спаѓа и прскањето против ларви и возрасни комарци за кое Аероклубот набави и сертифицираше четири авиони. Три авиони, кои се двомоторни, се предвидени да можат безбедно да летаат ниско над град и еден едномоторец предвиден за крајбрежја на водени површини и ненаселени приградски површини. Според најновите Европски регулативи едномоторни авиони не се користат за летање над населени места од безбедносни причини.

 

 Авионите се опремени со атомизери (распрснувачи) од типот АУ6539 кој користи ротирачки цилиндар со мрежа за креирање на микро капки – спреј со контролирана големина во контролиран проток од неколку милилитри/минута до 3 литри/минута. Овој атомизер е дизајниран да поддржува широк опсег на инсектициди, фунгициди и други производи кои се еколошки прифатливи и можат ефективно да се аплицираат во помали количини. Контролата на големината на капката гарантира дека максимална количина на течност се прска со оптимална големина на капки. Со ова се
намалуваат загубите на средството и загадувањето кое би се предизвикало од
непотребно големи капки.

Производителите
на овие супстанции даваат препораки за користење на овој систем.

Рекламирање и соопштување co воздухоплов      

 

Влечење на транспарент: Авион што влече транспарент секогаш го привлекува вниманието на луѓето. Така вашата кратка порака може да биде ефикасно пренесена.  

Набљудување и патролирање со воздухоплов

 

Набљудување и патролирање е важно при рано детектирање на шумски пожари, но може да се користи и за координација при евентуални природни катастрофи. Шумските пожари особено на недостапни места најдобро се забележуваат од воздух.

Понекогаш, исто така, е полесно и попристапно да се набљудуваат посеви, стада и земјоделско земјиште.

Во оваа категорија спаѓаат и Телевизиски и филмски снимања како и Топографско картографирање. За оваа цел АКС поседува модифициран авион на кој е возможно да се инсталира специјална камера.

Засејување на облаци

Аероклубот Скопје располага со 3 целосно опремени авиони за засејување на градоносни облаци од италијанскиот производител на авиони Partenavia P68B Victor со најсовремена опрема, сертифицирана од EASA PART-21 организација за дизајни.
Користиме два метеоролошки радари, едниот лоциран во централниот дел на државата – Тополчани, а другиот во источниот дел – Ѓуриште. Двата радара се управувани од Националната хидрометеоролошка служба на Република Северна Македонија.
За да ја зголемиме безбедноста на летот, инсталиравме ADSB-out приемници на клучните места низ земјата преку кои радарските оператори можат да ја видат позицијата, висината и брзината на авионот користејќи ја познатата платформа Flightradar24. Радарските оператори можат да го водат авионот од нивната радарска позиција користејќи азимут со растојание за пилотите да можат прецизно да ги активираат палките.
Пилотот го лета авионот до делот од облакот каде има најголемо вовлекување на воздушна маса и тука операторот ги активира палките.
Засејувањето на облаци е вид на промена на времето што има за цел да го смени количеството или видот на врнежите преку метод на дисперзија на супстанции (Сребро јодит) во воздухот кои служат како иницијатор облакот или ледените парчиња (град) да се „испразнат“ предвремено со што се заштитуваат земјоделските посеви.