Услуги

Аероклубот може да Ви понуди активности што се поврзани со воздухопловство. Летањето е нашата основна дејност и имаме долгогодишно искуство во менаџирање на воздухопловни активности.

Нудиме обука за пилоти, едриличари и падобранци, како и скокање и летање во согласност со нашите програми за работа.
Имаме долгогодишно искуство со влечење на банери со авион.

Веќе пет години ги вакцинираме лисиците низ Балканот фрлајќи мамки со вакцини од авион. Од 2017 набавивме двомоторни авиони опремени со атомизери (распрснувачи) кои можат да третираат со еколошки прифатливи инсектициди, фунгициди и други производи..
Сервисот за авиони работи во согласност со Part-145 од EASA Стандардите на Европската унија.

За своите услуги Аероклубот има Уверенија за работа издадени од Агенцијата за цивилно воздухопловство во согласност со JAR FCL.