Милион Евра во прашина или во пилоти?
Државата пред стратешка одлука за ‘Стенковец’
Како совесни граѓани и содружници во Аероклуб Скопје доо, во 2025 година поднесовме две кривични пријави против поранешниот управител Дејан Саздовски, за сторени кривични дела „Бесправно градење“ и „Злоупотреба на службена должност“ согласно законите на Република Македонија
Објектот Ресторан на Спортски Аеродром Стенковец, Дејан Саздовски го изградил без градежна дозвола на државно земјиште и без соодветна одлука на содружниците на Аероклуб Скопје доо.
Европска Унија дала 100.000 € донација за изградбата.
Република Македонија законски може и треба да го заплени објектот вреден 1 милион €.
Наместо да го руши во понеделник на 9. Февруари 2026, може да го намени за сопствени потреби, на пример како Македонски Воздухопловен Школски Центар, кој би можел да служи за обука на пилоти и други воздухопловни специјалисти, со оглед на актуелниот недостиг од таков кадар во Република Македонија.
Објектот е изграден на државно земјиште – зелена ливада и не претставува пречка за никого, ниту влијае врз нормалното функционирање на аеродромот или околината – повеќе од 5 години.
Владата може да одбере багери или бесплатен јавен објект вреден 1 милион евра, погоден за образование, спортски активности за младите и унапредување на државната инфраструктура.
Ќе видиме во понеделник… повелете на Спортски Аеродром Стенковец
