Моделот 172 е едномоторен клипен авион со карбуратор или со инјектор, четворосед, висококрилец, произведен во верзии со фиксен и вовлекувачки стоен трап, од американско производство. Еден од најпопуларните и најпроизведуваните авиони во историјата на воздухопловството.
Се произведува од 1956 год. до денес, и е произведен во повеќе од 44.000 примероци, т.е. повеќе од било кој друг авион во светската историја.
Со него во 1958 е поставен рекордот во издржливост во воздух, рекорд кој до ден денешен не е соборен. Во 1987 година, Матијас Руст со Cessna 172P незабележан слетал на Црвениот плоштад во Москва во тогашниот Советски сојуз.
Во флотата на Аеро Клуб Скопје до сега се наоѓале три модела од овој авион и тоа C172K, L и M модели. Во моментов АК Скопје располага со две C172K, кои се користат првенствено за обука на пилоти, аплицирање на вакцини-мамки против беснило, панорамски летови и за лична употреба.